Мицотакис ја прифати оставката на заменик министерот за надворешни работи

Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис ја прифати оставката на заменикот министер за надворешни работи на Грција, задолжен за дијаспората, Андонис Диаматарис, јави дописничката на МИА од Атина.

Оставката на заменикот МНР доаѓа по натписите во медиумите и реакциите од опозициската СИРИЗА дека Диаматарис во неговата биографија на официјалниот сајт на Министерството за надворешни работи на Грција, пишува дека поседува магистерско звање од Универзитетот Колумбија, од самиот Универзитет за грчките медиуми во САД рекле дека тој никогаш не завршил, туку само се запишал на конкретната програма.

Диаматарис завчера, како што објави МИА, во писмена изјава рече дека присуствувал на постдипломската програма на Универзитетот Колумбија, финансиските причини не ми дозволиле да се стекне со диплома.

Сега веќе поранешниот заменик министер за надворешни работи на Грција, Андонис Диаматарис кој беше надлежен за грчката дијаспора е издавач на грчкиот весник во САД „Етникос кирикс”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот