Мицотакис и Рама зборувале за повторно поврзување на Грција и Албанија

Мицотакис и Рама на средба во Атина октомври 2019 година/Фото: EPA-EFE/KOSTAS TSIRONIS

Мерките во Грција и Албанија за справување со пандемијата на коронавирусот, како и политиката за постепено укинување на рестриктивните мерки за да се обнови поврзувањето меѓу двете соседни земји биле темите за кои денеска, телефонски разговарале претседателот на владата на Грција, Кирјакос Мицотакис и неговиот албански колега Еди Рама, соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина.

Грција, како што објави МИА минатата седмица, до 15 мај 2020 година ја продолжи мерката за привремено ограничување на сите авионски, железнички и патни поврзувања со Северна Македонија и Албанија, одлука, првично донесена на 15 март годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот