Мицкоски: Секое семејство е задолжено за 4500 евра, Заев сѐ уште нѐ лаже дека ќе донел 500 евра плата

Христијан Мицкоски
Христијан Мицкоски/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва на митинг во Македонски Брод рече дека власта го задолжила секое семејство за 4500 евра и оти се залудни ветувањата за зголемување на платата кога секојдневно растат трошоците на живот.

– Заев сѐ уште нѐ лаже дека ќе донел 500 евра плата после пет години власт. Може да каже дека ќе биде и 1000 евра платата, но ако 2000 евра се трошоците за живот, тогаш е залудно. Сите цени на производите драстично се зголемуваат, а поскапува и цената на бензинот на светските берзи. Ќе претстои зголемување на цената на бензинот и нафтата, а со тоа и на продуктите во продавниците, истакна Мицковски, додавајќи дека се очекува ново зголемување на цената на струјата.

Обвини дека власта предводена од СДСМ има потрошено 16 милијарди евра народни пари и дека ветувале раст на економијата од пет проценти, а таа е четирипати помала.

– Реалноста во која живееме, тешкиот живот, немањето пристојни услови за живот го даваат одговорот, а тој треба да се заокружи со вашиот глас и изборот на 17 октомври, кога народот ќе биде силата која ќе ги донесе промените, рече Мицкоски.

Осврнувајќи се на евроинтеграциите, Мицкоски рече дека државата на чело со Зоран Заев е сѐ подалеку од Европската унија и дека односите со Бугарија не биле никогаш полоши.

– Иако вчера по пораките кои ги добивме како држава стана јасно дека ЕУ станува далечна цел за државава на чело со Заев, а односите со Бугарија никогаш не биле полоши, сепак тој ги започна своите митинзи со пренесување на поздрави од ЕУ, бидејќи само тоа и им остана, рече Мицкоски.

Обвини дека Заев дека наместо да ги решава проблемите, отворил, како што рече, 1000 нови проблеми.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот