Мицкоски: Голем дел од скопјани немаат парно зашто Власта е неподготвена и за лични интереси врши набавки во четири очи

Суштината на немањето парно греење кај дел од скопските домаќинства приклучени на централно греење, е затоа што од власта не е подготвена и затоа што работат само за свои лични интереси и продолжуваат со тендери во четири очи, е дел од коментарот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, запрашан од новинарите за тоа што грејната сезона веќе почна, голем дел од скопјани се уште немаат парно греење, а власта прстот го вперува во граѓаните.

– Суштината е дека не се подготвени и дека продолжуваат со тендерите во четири очи, продолжуваат да работат за свој личен интерес. Ќе ве потсетам, не само сега и пред неколку дена кога температурите беа според правилникот на Регулаторната комисија за енергетика, беа такви да мора да биде пуштено парното греење, скопјани останаа со ладни радијатори, со исклучок на неколку стотици домови кои што се снабдуваат во реонот на Скопје Север и Чаир кој што се снабдуваат од таа топлана кои што имаа малку млаки радијатори”, рече Мицкоски.

Токму поради нивната неподготвеност, додаде Мицкоки, ВМРО-ДПМНЕ понудие помош и решенија и се надева дека кај власта ќе завладее разумот и ќе ја прифатат подадената рака.

– Не се подготвени, понудивме помош, понудивме решенија, се надевам дека ќе бидат разумни, дека ќе бидат умни, ќе ја прифатат подадената рака, затоа што сега веќе нема потреба од политички надмудрувања, сега треба да им се помогне на граѓаните да се надмине овој тежок период, оваа зима, а потоа ќе зборуваме за нашите политички недоразбирања. Тука е ВМРО-ДПМНЕ како одговорна политичка партија и затоа понуди и помош и се надевам, повторно ќе кажам, дека разумот ќе преовлада наместо политичката хистерија која што во овој момент владее во владата. Тоа можете да го видите од настапите на владини претставници на медиумите, меѓу кои што се и последните настапи на господинот премиер – истакна Мицкоски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот