Мицкоски: „Бехтел и Енка“ го штити својот интерес, но колкава е вината на тие кои не го штитат интересот на граѓаните

Фото МИА

Уставниот суд по ова прашање веќе се изјаснил многу пати во минатото. Некој свесно знаел дека ова што го бараат е новозможно, а сепак одлучил тоа да го направи, односно да потпише договор со кој свесно презема обврска од буџетот на државата да исплати стотици милиони евра во форма на пенали, кон компанијата која што е изведувач на овој проект, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со договорот со компанијата „Бехтел и Енка“.

Мицкоски посочи дека е неуставен делот каде што се бара зголемување на работната недела.

Можеби мислеле, имајќи го предвид партизираното Обвинителство, каде што еден коалициски партнер си поставува обвинител во делот за организиран криминал и корупција, дека претседателката на Уставен суд, Кацарска, ќе ја смени одлуката од минатото и на тој начин, под притисок на овие политичари тие ќе донесат одлука спротивна на одлуките кои во минатото ги носеле, а тоа е дека е неуставен делот каде што се бара зголемување на работната недела, изјави денеска Мицкоски во одговор на прашање, за време на посетата на Зрновци.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека одговорност ќе бараат по промената на власта.

Одредени медиуми го приложија договорот што го потпишале Ковачевски и Артан Груби со фирмата изведувач и тука морам да напоменам дека не е виновна компанијата. Таа си го штити својот интерес, што е нормално, секоја компанија си го штити својот интерес. Прашањето е колкава е вината на тие што, наместо да го штитат државниот интерес и интересот на граѓаните на Македонија, го штитат интересот на приватната компанија. Според договорот, доколку во рок од 45 дена од потпишувањето не се смени Законот за работни односи и не се продолжи работната недела од 40 на 60 работни часа, тогаш Македонија треба да плати еднократен финансиски надомест од минимум 53 милиони евра. Но, и околу дополнителни два милиони евра секој месец, се до моментот додека не се промени овој закон. Ова е шокантно, изјави Мицкоски.

Информацијата дека Владата се согласила на огромни пенали кон „Бехтел и Енка“ ако не се обезбеди поголема работна недела Николовски ја соопшти вчера, во телевизиско гостување. Рече дека имал увид во договорот што Владата го потпишала со „Бехтел и Енка“ за изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10-д и дека ова ексклузивно го кажува јавно.

КЗСД можно уште денеска да ја разгледа наводната согласност на Владата кон „Бехтел и Енка“ за поголема работна недела

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот