Мицкоски бара единство околу националните интереси

Христијан Мицкоски / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во неговиот говор по повод 100 дена локална власт, отчет на ВМРО-ДПМНЕ истакна кога се работи за историјата не треба да има поделби на наши и ваши или леви и десни. Тој нагласи дека нашата историја е нашата лична карта, нашето постоење на пркост.

-Нашата историја е нашата лична карта, нашето постоење на пркост, пот и крв дадена за она што денес многу лесно се тргува, а многу тешко е спечалено. Не прифаќам фрази каде во привидното решавање на проблемите премиерот ќе каже историјата да ја оставиме на историчарите, а политиката на политичарите. Ние не сме до тука дојдени во овој очај на откажувања и порекнување затоа што историчарите се мешаа во политиката, туку затоа што политичарите не се занимаваа со политика. И многу ми е криво што политичкиот естаблишмент на власта не најде за сходно да се утврдиме во нашата единствена неподелена тврдина Гоце Делчев, зошто неговата суштина на животен пат и борба беше обединувањето за слобода и самобитност, а не поделбите, рече Мицкоски кој додаде дека владата и Ковачевски прават голема грешка и дека испуштаат историска шанса да застанат на вистинската страна.

Тој смета дека Владата и премиерот Ковачевски „прават грешка и испуштаат историска шанса да бидат на вистинската страна“.

Затоа го повикувам народот на будност и дејствување во моментот кога овие ќе одлучат да го распродадат тоа кое што нас ни е најмило. Со тоа што источниот сосед ја негира македонската вистина за Делчев, ни удираат во темелите. Со тоа што ја негираат нашата историја и јазик сериозно ги нишаат столбовите од нашиот дом. Со тоа што ни ја блокираат нашата европска иднина, не ни дозволуваат да имаме кров и облик на нашиот дом каков што сакаме да го имаме и каков што треба да го наследат генерациите после нас, додава тој.

Мицкоски понуди единство за прашањата кои се важни за татковината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот