Меси ќе игра за Аргентина и на наредниот Мундијал?

Лионел Меси („Аргентина“) во акција на натпреварот против Австралија/Доха, Катар/3 декември 2022/фото: EPA-EFE/Friedemann Vogel

Лионел Меси веќе објави дека финалето во Катар е неговиот последен настап на светските првенства, но веќе започнаа да се емитуваат шпекулации, со кои се тврди спортивното.

Аргентинската фудбалска легенда Хорхе Валдано тврди дека Меси му најавил дека е подготвен да продолжи да игра за „гаучосите“, и тоа се до СП 2026 што ќе се одржи во САД и во Мексико. Валдано имал можност да го интервјуира Лео пред мундијалот во Катар,по што почнале и неврзан разговор.

„Кога камерите не беа вклучени тој ми рече дека ако успее да стигне до титулата, ќе игра и во САД и во Мексико во 2026 година. Желбата му е да стане првиот во историјата кој настапил на шест светски шампионати, никој некогаш нема успеано во такво нешто. Му одговорив дека тоа не е возможно, но тој беше дециден: Ако станам светски првак, ќе го носам националниот дрес до наредниот мундијал“, обелодени Валдано.

Меси тогаш би имал 39 години, но би бил далеку од рекордот на Роже Мила, кој играше за Камерун на 42-годишна возраст на СП 1994. Во Катар пак годинава највозрасен фудбалер беше Атиба Хачинсон, кој го носеше дресот на Канада на 40-годишна возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот