МЕРМЕРНИ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА: Направете мали уметнички дела за во кошницата

Викимедија

За Велигден, јајцата традиционално се бојадисуваат црвени, но секако, со малку труд можете да добиете шарена празнична трпеза.

Постојат многу начини како да добиете уникатни јајца, а еден од наједноставните е со лушпи од кромид.

Јајцата сварете ги и оставете ги да се изладат во студена вода. Обвиткајте го секое влажно јајце со лушпи од кромид и потоа врзете го со најлонска чорапа или со тенка газа.

Во сад со вода ставете малку оцет, оставете да проврие и ставете ги јајцата обвиткани во лушпи да се варат уште пет минути. За уште поубав ефект, можете да ги спуштите во боја за јајца, за да добиете уникатни шари.

Оставете ги целосно да се изладат и потоа тргнете ги од нив лушпите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот