Меркел: Германските работодавачи итно бараат квалификувана работна сила

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека многу компании во Германија се соочуваат со сериозен проблем со недостиг на квалификувана работна сила.

Во денешната видео-пораката Меркел рече дека многу компании би можеле да ја напуштат Германија доколку не можат да најдат доволно квалификувани работници.

Меркел истакна дека проблемот е толку сериозен што секој сектор во земјата се соочува со недостиг на квалификувани работници.

Потсетувајќи се дека во Германија пред околу 15 години имало околу пет милиони невработени, Меркел рече дека компаниите денес имаат многу сериозен проблем на недостиг на квалификувана работна сила.

– Многу работодавци и компании итно бараат квалификувани работници. Затоа и ние треба итно да вложиме дополнителни напори за да имаме квалификувани работници. Инаку, компаниите ќе треба да одат на друго место. Секако дека не тоа не го сакаме, рече Меркел.

Таа изрази задоволство што околу 2,5 милиони луѓе од земјите членки на ЕУ работат во Германија, истакнувајќи дека тоа не е доволно. Таа оцени дека треба да се преземат дополнителни мерки за да се донесат квалификувани работници и од земјите што не се членки на ЕУ.

Германската канцеларка потенцираше дека законот, кој ќе стапи во сила во март 2020 година, со цел намалување на дефицитот на квалификуваната работна сила, подготвува правна основа за решавање на овој економски проблем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот