Мемоарите на принцот Хари пуштени во продажба, книжарниците работат прекувремено

Фото: Профимедиа

По повеќемесечното исчекување и големиот публицитет, автобиографијата на принцот Хари „Spare“ (Резерва), конечно во вторникот се појави на полиците на книжарниците во неговата родна Велика Британија, што дополнително ќе го доведе во непријатна позиција целото кралско семејство.

Некои британски продавници останаа отворени до полноќ поради излегувањето на најинтересното четиво за кралското семејство откако мајката на Хари, принцезата Дијана, во 1992 година соработуваше со Ендру Мортон на книгата „Дијана: Нејзината вистинска приказна“ (Diana: Her True Story).

Фото: Профимедиа

Одредени книжарници во Лондон се добро снабдени со примероци од мемоарите на Хари, а книгата во моментот се рангира како најпродавана на „Амазон“ во Велика Британија, САД, Австралија и Канада, пренесе Ројтерс.

Во книжарницата на лондонската железничка станица „Викторија“, вработените извадиле нови примероци од книгата од кутиите точно на полноќ.

Меѓу првите кои во раце ја имале книгата во Велика Британија е Крис Имафидон, претседател на добротворната организација за образование, кој рекол дека е „многу е заинтересиран да дознае што Хари има да каже за она низ што поминал во животот“.

И Сара Накана, 46-годишна геодетка, која трпеливо чекала во редот, рекла: „Сакам да ја слушнам неговата приказна раскажана со негови зборови, затоа што ми се чини дека британските медиуми во овој момент многу критички ја преиспитуваат содржината на книгата и ја поттикнуваат британската јавност против принцот Хари.“

Фото: Профимедиа

Мемоарите ги објави издавачката куќа „Пингвин рендом хаус“ (Penguin Random House), а книгата ги открива деталите од животот на принцот Хари и неговата сопруга Меган откако тој се повлече од кралските должности во 2020 година и откако се преселија во Калифорнија за да започнат нов живот.

Објавувањето досега беше придружено со четири телевизиски интервјуа во Велика Британија и САД, каде што сега живее принцот Хари со Меган Маркл.

Фото: Профимедиа

Но, содржината на мемоарите, кои ќе бидат достапни на 16 јазици и во облик на аудиокнига, веќе наголемо протекоа откако нејзини примероци по грешка порано беа пуштени во продажба во Шпанија.

Во книгата, Хари откри дека неговиот брат Вилијам физички го нападнал додека се расправале поради Меган, тврдат оние кои успеале да ги добијат првите примероци.

Меѓу другото, Хари опишува како ја изгубил невиноста, признава дека се дрогирал како тинејџер и открива дека убил 25 луѓе додека служел во Авганистан како припадник на британската армија, поради што го осудиле Талибанците. Во книгата раскажува и за смртта на својата мајка, принцезата Дијана, за татко му Чарлс и неговата сегашна сопруга Камила…

Кралското семејство не ги коментираше мемоарите на Хари и веројатно нема да го стори тоа, пренесе британската агенција.

Утре излегува „Резерва“: Сите скандали кои принцот Хари ги откри досега

ВИДЕО | Принцот Хари: Си ги сакам брат ми и татко ми назад

ВИДЕО+ФОТО | Вилијам и Хари повторно еден покрај друг: Кејт и Меган во црно од глава до пети

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот