Мекиќ: Добивме добра група, посакувам во квалификациите да бидеме комплетни

За Мекиќ е голема чест што ќе се игра против светскиот шампион Шпанија/Фото: kfsm.mk

Адем Мекиќ беше еден од најдобрите, најстандардни наши репрезентативни играчи на претквалификациите за Светскиот Куп.

Денеска, исто како и неговите репрезентативни соиграчи ги чекаше исходот на жрепката за онаа главна фаза – квалификациската, која за противници во групата „Г“ ни ги донесе селекциите на Шпанија, Украина и на Грузија.

– Онака, од прва, се чини дека добивме една добра група. Противници, што се вели по мерка. Од една страна, ќе играме против светскиот шампион, Шпанија, што несомнено е една голема чест. Да се бориш против најдобриот во светот, а во исто време, ги имаме Украина и Грузија. Селекции со кои можеме да бидеме компетитивни, каде имаме простор за резултат – рече крилото на нашиот национален состав, Мекиќ.

Она што Мекиќ лично посакува е веќе од ноември, кога стартуваат квалификациите, екипата да биде комплетна.

– Посакувам да бидеме комплетни, во екипата да имаме и играчи кои не беа дел од претквалификциите преку кои и дојдовме до една ваква можност да одиграме најмалку шест натпревари против велесила како Шпанија, и силни, квалитетни репрезентации како Украина и Грузија. Да немаме проблеми со повредите. Да не се потценуваме, но ниту да ги преценуваме противниците без оглед што ја имаат фаворитската улога. И најважно од се, да веруваме во нашите способности, во нашите квалитети. Се надевам дека ќе бидеме конкуретни во ова друштво од квалификациите за Светското првенство – вели Мекиќ.

Потсетување дека во претквалификациите за нашата најдобра репрезентација не настапија Ненад Димитријевиќ, браќата Војдан и Дамјан Стојановски, Стојан Ѓуроски, Андреј Јакимовски, Љубомир Младеновски, Кирил Николовски и Дарко Соколов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот