Медот, јаболковиот оцет и некои алкохоли се “безвременски“ ако се чуваат правилно

Фото: Flickr

Рокот на траење на супата од кесичка е од една до една и пол година од денот на производството, на чајот до две, а на кафето од шест месеци до една година. Маслото за јадење, пак може да го користите до една година, зачините една до две години, а тестенините е најдобро се користат до две години од датумот на производство

Рокот на траење на супата од кесичка е од една до една и пол година од денот на производството, на чајот до две, а на кафето од шест месеци до една година. Маслото за јадење, пак може да го користите до една година, зачините една до две години, а тестенините е најдобро се користат до две години од датумот на производство. Ова се важни детали кои граѓаните треба да ги знаат и секогаш треба да внимаваат на ситните бројки на задната страна на пакувањето. За жал, поголемиот дел граѓаните немаат навика да ја проверуваат оваа ставка кога купуваат.

Експертите советуваат дека на амбалажата на одредени производи за јадење рокот на траење е соодветно назначен, но тоа не значи дека по тој датум, треба да ја фрлите храната во ѓубре. Меѓу оние прехранбени производи, додатоци на храната и пијалаци кои немаат рок на траење и се безбедни се за консумирање, ако биле чувани во соодветни услови до моментот на користењето се медот, јаболковиот оцет, нишесте, сол, вотка, рум и други жестоки пијалаци. Рок на траење немаат и оризот, екстрактот од ванила и јаворовиот сируп, под услов да се чуваат на суво, студено место, далеку од директна сончева светлина.

За разлика од храната, луѓето обично не се толку внимателни со рокот на траење на другите тоалетни производи како тампони, есенцијални масла, крем за сончање, па дури и витамини. Американските фармацевти велат дека ако се чуваат правилно, повеќето витамини имаат рок на траење до две години, но во зависност од формата, чувањето и состојките, тој датум може да варира.

-Вистината е дека клиентите не треба да се заморуваат со овие детали, бидејќи производите со поминат рок не треба ни да стојат на рафтовите. Но, практиката е поинаква, па затоа потрошувачите треба да бидат информирани кои се нивните права, кога ќе наидат на храна што не треба да ја консумираат. Со години е востановена практиката храната што се ближи до својот рок да се продава по драстично пониски цени и до 50 отсто пониски. Сепак, одвреме-навреме на социјалните мрежи „циркулираат“ фотографии, најчесто од помали продавници, на кои се гледа дека производите со поминат рок се продаваат со уште поголем попуст – велат експертите.

Законски, последниот датум до кој може да се продава храната е оној означен на пакувањето. Општо е познато дека постојат два начини на означување на рокот на траење на храната – „да се користи до“ и „најдобро претходно“. Главната разлика помеѓу овие две ознаки е тоа што „користење од“ се применува на расиплива храна, додека „најдобро од“ се користи за друга храна. Затоа, оваа ознака се наоѓа на месото и производите од месо, млекото и другите млечни производи, јајцата и рибата. По истекот на рокот под ознаката „употреби до“, храната во никој случај не треба да се консумира, бидејќи може да биде загрозено здравјето на потрошувачот. Од друга страна, „најдоброто пред“ се наоѓа на кондиторски производи, тестенини или други житни производи, бидејќи рокот на траење на овие намирници е многу подолг.

Од Организацијата на потрошувачи велат дека секогаш треба да се чита етикетата за да се осигурите дека она што го купувате е јасно идентификувано (означено) на производот.

Лани од јануари до мај, Агенцијата за храна и ветеринарство уништила повеќе од 2,7 тони небезбедна храна, а дел од претставките на граѓаните се однесувале на продажба на производи со поминат рок на употреба, за наводи за производи со променети органолептички својства итн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот