Медиумски тајкун доби уште 14 месеци затвор поради учество во протестите во Хонгконг

Медиумскиот тајкун Џими Лај,  е осуден на уште 14 месеци за неговата улога во продемократските протести во Хонгконг во 2019 година.

Лај (73) и уште деветмина беа осудени за поттикнување на неовластени протести. Тој веќе беше осуден на 14 месеци затвор на почетокот на оваа година, исто така, за учество во протести.

Антивладините протести во Хонгконг во 2019 година доведоа до остра реакција на кинеската Влада, која во јуни 2020 година донесе строг закон за национална безбедност за Хонгконг. Продемократските активисти и граѓаните ова го протолкуваа како укинување на автономијата на Хонг Конг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот