Мбапе му се закани на ПСЖ: Или прифатете ги парите на Реал или идната година си одам на нула евра

Мбапе ја одби најновата понуда на ПСЖ која ќе го направеше најдоброплатен фудбалер на светот/ фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе денеска уште еднаш повтори дека негова единствена желба е да го облече дресот на Реал Мадрид.
„Кралскиот клуб“ денеска достави нова понуда до ПСЖ за Мбапе во висина од 170 милиони евра, но таа беше експресно одбиена од „светците“.

– Бев многу, многу јасен. Ставот на клубот исто така е јасен. Нема да го менуваме ниту да го повторуваме – изјави претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи.

Но, познатиот италијански новинар Фабрицио Романо смета дека Мбапе најверојато до крајот на преодниот рок ќе потпише за Реал Мадрид, а ПСЖ притоа нема да ги добие посакуваните 220 милиони евра.

Романо пренесува дека Килијан Мбапе дека денеска имал средба со челниците на ПСЖ на која јасно им ставил до знаење дека не размислува да го продолжи договори и дека единствена желба му е да го облече дресот на Реал Мадрид. Мбапе дури им порачал на челните луѓе на ПСЖ доколку не ја прифатат понудата на Реал Мадрид, тогаш ќе ја одработи оваа сезона и наредната како слободен играч ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Според извори блиски до управата на Реал Мадрид, Романо вели денешната понуда од 170 милиони евра плус 10 милиони во дополнителни бонуси, нема да се зголемува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот