Мбапе му ги скрши срцето на Спајдермен: Никогаш во животот нема да играм за Тотенхем

Килијан Мбапе сезоната ќе ја доигра во дресот на ПСЖ/ фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе, ги потврди пишувањата на релевантните европски медиуми дека сезоната ќе ја заврши во францускиот тим и дури на лето ќе размислува за својата иднина.

Медиумите претходно објавија дека Реал Мадрид нема намера да го ангажира Мбапе во зимскиот преоден рок, туку ќе чека да заврши сезоната и потоа да го донесе на „Сантијаго Бернабеу“ како слободен играч, а денеска и самиот фудбалер потврди дека сезоната ќе ја заврши во ПСЖ.

– Дали ќе се преселам во Реал? Тоа нема да се случи во јануари, среќен сум во Париз и ќе дадам се од себе до крајот на сезоната за ПСЖ. Сакам да ги освојам сите трофеи во ПСЖ сезонава. Мислам дека сега не е вистинскиот момент да зборуваме за мојата иднина и единствена работа на која размислувам е да го победам Реал Мадрид во Лигата на шампионите – изјави Мбапе.

Освен што стави крај на шпекулациите за неговиот евентуален трансфер уште во јануари, Мбапе ги разочара и навивачите на Тотенхем, посебно актерот Том Холанд кој е познат по улогата на филмскиот херој Спајдермен.

Претходно, Холанд го повика Мбапе да потпише за Тотенхем, клуб за кој навива, но доби разочарувачки одговор. Тогаш напаѓачот му кажа дека е невозможно да потпише за Тотенхем, а денеска во интервју за Си-Ен-Ен дополнително им стави сол на раните на сите навивачи на англискиот тим.

– Мислам дека никогаш во животот нема да играм за Тотенхем. Том Холанд ме праша за тоа, но одговорот е не… Тотенхем е одличен клуб, сигурен сум дека сезонава ќе направат нешто добро со Конте кој е одличен тренер – изјави Мбапе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот