Мбапе има проблем со новинарите

фото: EPA-EFE/Christophe Petit Tesson

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ќе го казни Французинот Килијан Мбапе, бидејќи од стартот на СП ги избегнува и ги игнорира новинарите.

Иако Франција доби предупредување, па „триколорите“ го молат Мбапе да излезе и да даде изјава за медуумите, фудбалерот на Пари Сен Жермен на секој начин избегнува да се појави пред „седмата сила“ и сега ФИФА најавила казна за него.

Казната ќе биде парична, што многу нема да го потресе офанзивниот фудбалер кој досега даде три гола, но според правилникот, Мбапе е должен во микс-зоната да даде изјави, а истата може да ја избегне само ако треба да се појави на официјална прес-конференција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот