Човекот кој тврдеше дека е син на Ален Делон е пронајден мртов: Во тек е истрага, едно лице е уапсено

Фото: Profimedia/ Facebook

Кристијан Арон Булоњ, кој тврдеше дека е син на Ален Делон, беше пронајден мртов пред два дена во неговиот стан во Париз.

Oтворена е истрага и едно лице веќе е приведено поради неукажување помош на лице во опасност, соопштило обвинителството. Весникот „Паризиен“, пак објави дека е приведена партнерката на Булоњ.

Инаку, Булоњ е роден во 1962 година и е син на германскиот модел, пејачка и актерка Нико, икона на бендот „Велвет Андерграунд“.

Арон Булоњ тврдеше дека е син на познатиот актер Ален Делон, кој тоа секогаш го негираше. Меѓутоа, познато е дека Арон го одгледала мајката на Ален Делон, Едит Булоњ, чие презиме го носеше.

Тој пред неколку години поднесе барање за признавање татковство, но француските судови го одбија барањето. Причина за тоа било местото на живеење на Делон, а тоа е Швајцарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот