Маж заврши во болница, со трактор излетал од патот

Фото: МИА / илустрација

Шеесет и тригодишен маж е тешко повреден откако со трактор излетал од пат.

„На 21.04.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека во с.Трстија-виничко, трактор „фергусон” со штипски регистарски ознаки, управуван од С.Ј.(63) од с.Нов Караорман – о.Карбинци излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Штип“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.

 

Тракторист прегазил малолетничка во кумановско и избегал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот