Маж се обидел да прошверцува алигатор на аеродромот во Минхен

Шверц на алигатор во Минхен/ Фото Царина на Минхен

На аеродромот во Минхен денеска се случил еден доста несекојдневен настан. Царинските службеници конфискувале алигатор од маж кој се обидел да го пренесе во својот багаж. Животното било откриено при безбедносна проверка, а цариниците потоа соопштиле дека животното било во лоша состојба.

Патникот сакал да го прошверцува живиот рептил преку аеродромските контроли на 25 септември, како што соопшти главната царинска испостава во Минхен, пренесува Шпигел.

Според информациите, безбедносните службеници го откриле алигаторот додека снимувале куфери. „Тие веднаш ги известија цариниците, кои пронајдоа жив бел алигатор завиткан во проѕирна фолија при отворањето на куферот“, изјави портпаролот на царината Томас Мајстер.

Заедно со ветеринар, цариниците ќе го ослободат животното, откако ќе го изелкуваат. Алигаторот, долг околу еден метар, првично бил во лоша здравствена состојба. Од полицијата веднаш го испратиле во засолниште за влекачи. „Сега животното е повторно добро“, рече ветеринарот.

Мажот кој се обидел да го шверцува животното веднаш бил притворен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот