Маж фрлил две туристки во провалија во Германија

Фото: EPA/EFE / Filip Singer

Една од двете туристи нападнати од непознат маж во близина на замокот Нојшванштајн во јужна Германија им подлегна на повредите, објавија локалните медиуми во четвртокот, повикувајќи се на канцеларијата на државниот јавен обвинител.

21-годишната девојка починала во текот на ноќта во болница, а нејзината 22-годишна придружничка била задржана во болница поради сериозни повреди, јави јавната телевизија БР, повикувајќи се на информации од портпаролот на државниот обвинител во Кемптен.

Тој рече дека осомничениот е уапсен, но од државното обвинителство сѐ уште не се изјасниле за апсењето.

БР го пренесува извештајот на обвинителите кои рекле дека девојките налетале на маж на мостот Марија од кој се гледа прекрасен поглед на светски познатиот замок.

ТВ БР јавува дека физичкиот конфликт започнал кога маж сексуално ја нападнал 21-годишната жена.

Кога пријателката се обидела да и помогне, мажот ја фатил за врат и ја фрлил во провалија длабока 50 метри под мостот, а после тоа почнал да ја дави 21-годишната девојка и ја турнал преку мостот.

Осомничениот бил приведен во средата попладне по голема полициска акција и пренесен во полициската станица во блискиот Фусен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот