Марсело е нов фудбалер на грчкиот шампион Олимпијакос

фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Бразилската супер ѕвезда Марсело му се приклучува на Олимпијакос, искусниот бразилски лев бек одлучи да ја продолжи кариерата во Грција, не се објавени деталите од договорот.

Вистинска фудбалска легенда, 34-годишниот одбранбен играч беше дел од Реал Мадрид од 2006 до 2002 година. Во тие 16 години вкупно 546 пати го носеше „кралскиот“ дрес со кој освои 25 трофеи и се промовираше во еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот.

Петпати дојде до титулата во Лигата на шампионите, шест во шпанската „Ла Лига“, четири во Светското клупско првенство, три во Европскиот Суперкуп, две во „Копа дел Реј“ и пет во шпанскиот Суперкуп.

За Реал запиша 38 голови, а за најдобрата бразилската репрезентација има шест погодоци. Пред трансферот на „Сантјаго Бернабеу“, настапуваше во својата земја за екипата на Флуминенсе.

Олимпијакос е најтрофејниот фудбалски клуб во Грција, сезонава ќе игра во групите на Лига Европа, а жрепката одлучи во групата „Г“ да игра против Карабах, Фрајбург и Нант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот