Маричиќ: Законот за рестриктивни мерки е вистински чекор во борбата против криминалот и корупцијата

Бојан Маричиќ - вицепремиер за европски интеграции / Фото: "Слободен печат" / Драган Митрески

Законот за рестриктивни мерки за првиот вицепремиер Бојан Маричиќ е вистински чекор затоа што граѓаните очекуваат сериозна борба против криминалот и корупцијата.

-Законот за рестриктивни мерки помина повеќе стручни филтри, на него работеше и тим во министерството за надворешни работи како предлагачи на законот, беа вклучени претставници од кабинетот на министерката Грковска, сите имавме увид во тоа. Овој закон е добар чекор во вистинска насока затоа што граѓаните очекуваат сериозна борба против криминалот и корупцијата – изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на заедничка прес-конференција со пратеникот на Германскиот Бундестаг Јосип Јуратович.

Тој додаде дека ставањето некого на црна листа не значи автоматски ништо во нашиот систем, но дека сега има уреден сет на чекори, како некој кој што се нашол на таа листа да биде третиран од нашите институции.

-Нашата цел и целта на овој стратешки дијалог кој го имаме со САД е нашите институции да имаат начин и да ги сфатат индикациите сериозно и да постапат согласно нив, нормално почитувајќи ги сите стандарди, презумпција на невиност и се она што опфаќа една кривична постапка -потенцираше Маричиќ.

Тој заклучи дека целта на законот е да се зајакнат институциите во борбата против корупција без да се прејудицира за никого поединечно, тоа е одлука само на судот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот