Маричиќ: Соработката со САД е солиден темел за исполнување на европската агенда

Маричиќ на панел-дискусијата во САД - Фотографија МИА

Системот на рестриктивни мерки на САД за санкционирање на корумпирани политичари на Западниот Балкан е од исклучително значење за борба против корупцијата, порача првиот вицепремиер задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

Тој во рамки на посетата на САД денеска учествувал на панел дискусијата на тема „EU-US Relations: Building Collective Security in a Shifting World, Односи ЕУ-САД: Градење колективна безбедност во свет кој се менува“ и ја истакнал соработката со САД со стратегијата за поддршка на Западен Балкан базирана на три принципи – јасна агенда, силна поддршка и константно присуство.

– Северна Македонија има воспоставено стратешки дијалог со САД, посебни форми на соработка, каде што системот на рестриктивни мерки на САД за санкционирање на корумпирани политичари на Западниот Балкан е од исклучително значење за борба против корупцијата, и ќе помогне во регулирање и реформирање на системот на патот кон ЕУ. Решавањето на предизвиците како што се корупцијата и промовирањето на интеграцијата се од суштинско значење за постигнување на оваа цел – посочил Маричиќ.

Тој истакнал дека зајакнувањето на партнерствата во рамките на Западен Балкан и со сојузниците во НАТО е „од клучно значење за унапредување на заедничките цели и справување со заедничките предизвици“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот