Маричиќ: Силјановска е наследник на политиките на Иванов, Пендаровски го врати кредибилитетот на институцијата претседател на државата

Бојан Маричиќ/, фото Слободен печат, Слободан Ѓуриќ

Зборувајќи за понудата на претстојните претседателски избори, вицепремиерот за европски прашања и секретар за меѓунардона соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, во интервју за Слободен печат истакна дека Гордана Силјановска Давкова ги продолжува политиките на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, додека од друга страна, Стево Пендаровски го вратил кредибилитетот на институцијата претседател на државата.

-Не заборавајте дека кога Стево Пендаровски дојде на функцијата, институцијата Претседател на државата беше урнисана од претходниот претседател Ѓорге Иванов, кога во тие 10 години кога тој беше претседател, не можеме да се сетиме колку многу гафови и дамки имаше. Интересно е што сега, ВМРО-ДПМНЕ повотрно ја предлага Силјановска, која ги изгуби изборите пред пет години и која во суштина е наследник на политиките на Иванов. Вие имате објава каде што таа вели дека ќе потпишела амнестија на насилниците од 27 април, знаеме дека Иванов го одбележа својот мандат со онаа срамна аболиција. Исто така да не заборавиме дека Гордана Силјановска беше потписник за поддршка на кандидатурите на Иванов и во 2009 и во 2014 година. Силјановска е продолжител на ликот и делото на Иванов и мислам дека никој од нас не сака да се повторат тие два темни мандати. Затоа за нас, едноставен е изборот на граѓаните. Стево Пендаровски е човек кој ја врати стабилноста, кредибилитетот и правилниот курс на функцијата претседател на државата, но и на државата – истакна Маричиќ.

Тој додаде дека изборот на Пендаровски за втор мандат значи избор на стабилен претседател кој точно знае каде ја води државата и нема да отстапи од правилните принципи, а при тоа ќе се грижи за сите граѓани.

За ова според Маричиќ и јавно се докажало во изминатите години дека СДСМ немал секогаш исти ставови со Пендаровски но и дека за стратешките прашања и курсот на државата немало разлика и затоа оваа партија го поддржува и очекува дека на 8 мај ќе добие нов мандат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот