Маричиќ: Ќе ја зајакнеме законската рамка за кривичните дела сторени врз новинарите

Бојан Маричиќ, новиот Министер за правда / Скопје, 26 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Министерството за правда и јас како министер досега повеќе пати ги имаме осудено сите напади или каков било тип на заплашување и застрашување кон медиумите и кон новинарите. Затоа ги поканувам медиумските здруженија да продолжиме да разговараме на оваа тема и да најдеме соодветно решение во Кривичниот законик, рече министерот за правда Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.

Паралелно со тоа, како што додаде, тие да се разговара и со обвинителство и со судството, бидејќи сигурен сум дека на оваа тема можеме да имаме и дополнителна едукација на кадрите и во извршната власт, меѓутоа и во обвинителството и во судството за тоа како посоодветно или како подобро да се заштитат медиумите и новинарските работници при нивната секојдневна работа и соочување со евентуални напади или говор на омраза.

Потсети дека досега имал работна средба со ЗНМ, со Синдикатот на медиумите и со Советот за етика на која ги отвориле темите коишто се поврзани со зајакната легислатива за заштита на новинарите и генерално на медиумските работници.

-Веќе таа идеја е пренесена во групата која што работи на Кривичниот законик или на создавање на нов кривичен законик во којшто имаме зајакната законска рамка за оние кривични дела кои се да речам потешки кривични дела сторени против новинари или против медиумски работници да има зголемени казни. Мислам дека во текот на креирањето на овој закон ќе продолжиме да разговараме со сите медиумски работници за да најдеме решение кое што ќе ја зајакне и законската рамка, но уште побитно и праксата на институциите за заштита на медиумите и на новинарите од говор на омраза или пак од кривични дела предизвикани од омраза, рече Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот