Мамиќ: Среќа што Динамо Загреб не игра во Премиер лигата

Динамо Загреб знае како против англиските клубови/фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Динамо Загреб одигра брилијантно на стартот од групната фаза од Лигата на шампионите и на „Максимир“ го победи апсолутниот фаворит лондонски Челси со 1:0 со одличниот гол на Мислав Оршиќ.

Динамо на тој начин уште еднаш покажа дека може да се носи со англиските клубови. По поразот на Арсенал со 2:1 во групната фаза од Лигата на шампионите во 2015 година, вториот лондонски гигант падна во најелитното клупско натпреварување.

Загрепчани беа кобни за лондонските клубови и во Лига Европа. Сè уште се прераскажува одличната партија и хет-трикот на Оршиќ против Тотенхем на Мурињо во осминафиналето на Лигата на Европа во 2021 година за пласман во четвртфиналната фаза.

„Модрите“ минатата сезона успеаја да победат во англиската престолнина. Повторно Оршиќ беше главен херој, а негова „жртва“ овојпат беше Вест хем.

Сите овие победи над англиските клубови го „натераа“ првиот човек на хрватскиот шампион, Здравко Мамиќ во свој стил да се огласи на социјалните мрежи и да им порача на Англичаните дека имаат среќа што Динамо не е член на Премиер лигата.

– Динамо 2:1 Арсенал, Динамо 3:0 Тотенхем, Вест хем 0:1 Динамо, Динамо 1:0 Челси…Среќа што Динамо не игра во Премиер лигата – напиша Мамиќ на својот Фејсбук профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот