Малтретирање, ќотек и закани со нож добила 30-годишна скопјанка од својот сопруг

Семејно насилство врз жени / Илустративно фото: YAY Media AS / Alamy / Alamy / Profimedia

Насилството врз жените секојдневно го полни билтенот на МВР. Денеска полицијата информира дека вчера жена на возраст од 30 години го пријавила својот десет години постар сопруг дека ја малтретирал, тепал и и’ се заканувал со нож.

Во СВР Скопје, вчера во 12 часот, жената пријавила дека во домот на подрачјето на Центар физички ја нападнал нејзиниот сопруг А.В.(40) од Скопје.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Деновиве имаше убиство во Кочани, каде маж со 42 убоди усмрти 46 годишна жена.  Претходно, летово во Куманово, маж изврши двојно убиство и самоубиство. Тој ги уби сопругата и нејзината мајка, а потоа се самоуби. За двајцата насилници претходно имало пријави во полиција. Од Платформата за родова еднаквост го вклучија алармот, надлежните да си превземат мерки бидејќи сериозно се зачестени пријавите за насилство врз жени и бараат одговорност за фемицидите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот