Мали тајни на големите готвачи

Млекото нема да ви загори ако садот во кој треба да се вари претходно добро го измиете со ладна вода.
Непријатниот мирис и вкусот на млекото кое малку ви загорело можете да го отстраните ако млекото веднаш го претурите во друг сад и ако му додадете малку сол.

За млекото да не ви преврие, потребно е пред варењето да додадете една лажичка шеќер.

Ако сакате јадењето побрзо да ви се излади, садот со јадењето ставете го во друг поголем сад наполнет со вода и малку сол, која ќе го забрза процесот на ладење.

Загреаната рингла може да се излади ако над неа се стави сад со ладна вода, која ќе ја апсорбира непотребната топлина.

Ако сте го пресолите јадењето, додајте малку сода бикарбона. Таа ќе го апсорбира вишокот сол.

Пилешкото месо што не е тазе, ќе го омекнете ако во супата во која го варите додадете една лажичка ракија. Месото ќе стане меко, а мирисот на алкохолот брзо ќе испари и нема да се чувствува во супата.

Рибата лесно и брзо ќе се исчисти ако пред чистењето ја ставите една минута во врела вода.

За да не ви прска маслото при пржењето, ставете во него малку сол или зрно грав.

Конзервите со месо пред отворањето и послужувањето треба да ги ставите во ладна вода и да ги затоплите додека водата не зоврие.

Полесно ќе ги излупите сварените јајца ако веднаш по варењето ги ставите во сад со ладна вода.

Супата секогаш варете ја на умерена температура.

Згрутчената сол лесно ќе ја иситните ако ја ставите во плех добро да се загреете, а потоа да ја распоредите на даска и со помош на толчник да ја иситните.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот