Макрон е подготвен да го обнови дијалогот со Путин

Емануел Макрон / Фото EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека е подготвен да го обнови дијалогот со рускиот претседател Владимир Путин.

„Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и е подготвен да го обнови дијалогот што ќе овозможи постигнување долгорочен мир во Украина во согласност со меѓународното право, Франција секогаш ќе биде сила што ќе ја докажува својата поддршка, рече Макрон запрашан од новинарите за обновувањето на дијалогот со рускиот претседател., на прес-конференцијата по самитот на ЕУ во Брисел.

Макрон додаде дека нема да штеди напор за да постигне резултат.

„Не го сменив телефонскиот број“, изјави францускиот претседател, пренесува Тасс.

Претходно Путин изјави дека Русија е подготвена да ја продолжи интеракцијата со Франција, како и дека имал добра соработка со Макрон, но дека францускиот претседател ја прекинал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот