Макрон до Нетанјаху: Франција бара итен и траен прекин на огнот во Газа

Емануел Макрон, претседателот на Франција , во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, го повтори ставот на официјален Париз дека е неопходно да се избегне ескалација на Блискиот Исток.

Тој, исто така, рече дека е важно и спротивставувањето на напорите на Иран да го дестабилизира регионот, објави Елисејската палата.

Макрон, се додава во соопштението, му рекол на израелскиот премиер дека Франција бара итен и траен прекин на огнот во Газа и работа на намалување на тензиите на границата меѓу Израел и Либан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот