Макпетрол со 13 медали најуспешен клуб на Државното карате првенство за сениори

фото: Карате клуб Макпетрол, најуспешен клуб на Државниот шампионат

Изминатиот викенд (18.02.2023) во Скопје се одржа Државното првенство во карате за сениори, во борби и кати. Каратистите на скопски Макпетрол не дозволија промена на врвот во генералниот пласман на првенството и тие повторно се најуспешен клуб на овој Државен шампионат.

Макпетрол е најуспешен клуб со вкупно освоени 13 медали – шест златни, пет сребрени и два брозени. Олимпик спорт е втор со 9 медали (3-4-2), Фунакоши Гичин е трет 6 (2-2-2), следат Гладијатор 4 (2-1-1), Штип 2 (2-0-0), Металург 2 (1-0-1), Вардар 2 (0-1-1).

фото: Шампионскиот тим на Макпетрол (Витомир Трајковски, Петар Спасеновски, Петар Заборски, Давид Петков и Стефан Стојановиќ)

Државни шампиони во своите тежински категории:

1. Петар Заборски -75 кг
2. Анѓела Мојсовска -68 кг
3. Стефан Стојановиќ +84 кг
4. Петар Спасеновски -84 кг
5. Екипно борби мажи златен медал состав (Петар Заборски (капитен), Петар Спасеновски, Давид Петков, Стефан Стојановиќ, Глигор Петков, Витомир Трајковски)
6. Женскиот тим во борби (Симона Заборска (капитен), Викторија Јовановска, Ангела Мојсовска, Јована Мицковска и Марија Петровска)

Сребрени медали:
7. Марија Петровска -50 кг
8. Јована Мицовска -61
9. Давид Петков -67
10.Витомир Трајковски -84 кг
11.Глигор Петков +84 кг

Бронзени медали:

12. Симона Заборска -61 кг
13. Викторија Јовановска -61 кг

Во женска конкуренција екипно борби, КК Макпетрол имаше одлично финале каде што во интересни и неизвесни борби успеа и овој натпревар да го реши во своја корист. Во една неизвесна борба дојде до победата во последните секунди од третата борба. Макпетролките го совладаа тимот на Олимпик со резултат 2-1.

фото: Женскиот златен тим на Макпетрол (Виторија Јовановска, Марија Петровска, Ангела Мојсовска, Симона Заборска и Јована Мицовска)

Задоволни сме од постигнатото и од прикажаните борби на сите наши спортисти. Најважно од се е тоа што повторно демонстриравме и прикажавме модерно и врвно карате. Сите наши натпреварувачи покажаа спортска зрелост да го облечат националното кимоно и да станат составен дел на репрезентацијата. Имаме освоено шест златни медали, но и пет сребрени, кои лесно можеа да бидат златни медали. Во поединечна конкуренција имавме успешни настапи во машка конкуренција, па така да финалните борби во полутешка и тешка категорија беа со спортисти од Макпетрол. Исто така Петар Заборски и Ангела Мојсовска покажаа голема натпреварувачка созреаност и имаа одличен настап.

Сакам да истакнам, дека во екипните натпревари во дисциплината борби имавме исто така одлично преставување на нашите тимови. Во екипните натпревари славевме и освоивме златни медали и во машка и во женска конкуренција, Двата тима на Макпетрол се Државни шампиони. Кај мажите во финалниот натпревар Макпетрол со максимален резултат и супериорно веднаш после првите три борби поведе со 3-0 во победи, и со максимален резултат го победи машкиот тимот на Олимпик – Скопје – изјави тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот