„Макпетрол“ досега не добил барање за плаќање на гас во рубли

„Макпетрол“ досега нема добиено официјално барање за промена на начинот на плаќање при набавката на гас, велат од компанијата преку која главно оди снабдувањето со гас во нашата држава.

– Со своето деловно работење „Макпетрол“ има обезбедено доволно средства за набавка на гас што ќе се искористат за купување девизи преку деловните банки и на тој начин ќе се извршат плаќањата согласно барањата на деловните партнери – изјавија од „Макпетрол“ за „Слободен печат“.

Оттаму велат дека сега снабдувањето се одвива без никакви проблеми.

– Како бренд со огромно реноме, „Макпетрол“ со години склучува и реализира годишни договори за снабдување со гас директно со „Гаспром“. Годинава „Макпетрол“ склучи договор со компанијата „Гаспром“ за снабдување со природен гас по цена што е за 30 отсто пониска од берзанската. Снабдувањето од „Гаспром“ се одвива непречено, така што сите деловни партнери кои соработуваат со нашата компанија имаат стабилна и навремена испорака.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот