Македонското научно друштво од Битола го објави новиот број на списанието „Современи дијалози“

Насловна корица на списанието „Современи дијалози“ број 13

Излезе од печат Списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“ бр. 13 за 2023 година со прилози од вкупно 75 автори и 8 ликовни уметници од земјата и од странство.

Читателите можат да прочитаат поезија од: Николина Андонова Шопова, Ристо Василевски, Љубинка Донева, Владо Јаневски, Весна Мундишевска Велјановска, Раде Силјан, Веле Смилевски, Емилија Тодорова, Лулзим Хазири и Ивица Челиковиќ; проза од: Даниела Андоновска-Трајковска, Божин Андоновски, Трајче Кацаров, Мишо Китановски, Блаже Миневски, Атанас Чупоски; интервју на Диме Ратајкоски со палестинскиот писател Хасан Зактан; согледби, книжевна и театарска критика од: Анита Ангелевска, Иван Антоновски, Јованка Денкова, Милица Димитријовска Радевска, Сашо Димоски, Билјана Крајчевска, Катерина Момева, Ана Витанова-Рингачева, Игор Поп Трајков, Борче Панов и Елена Пренџова.

Во рубриката „Акценти“ застапени се прилози од трибината за писателот Владимир Костов и за одбележувањето на 63-годишното постоење на Македонското научно друштво-Битола, кое го раководи проф. д-р Невена Груевска, и за тематската вечер „Интерфест, тридецениски културен белег на Битола“ во организација на МНД, известувања за добиени меѓународни награди, како и текст од Добре Тодоровски во чест на писателот Радован П. Цветковски.

Во рубриката „Паралели“ посветена на меѓународната соработка, застапени се 46 автори од 33 земји: Саудиска Арабија, САД, Германија, Обединети Арапски Емирати, Белгија, Романија, Кореја, Шпанија, Полска, Турција, Босна и Херцеговина, Албанија, Кина, Хрватска, Чиле, Србија, Италија, Бугарија, Израел, Доминиканска Република, Индонезија, Аргентина, Мексико, Словачка, Исланд, Естонија, Курдистан, Ирак, Пакистан, Австрија, Бангладеш, Велика Британија, Египет.

Корицата ја дизајнираше Весна Мундишевска-Велјановска со скулптура од Витолд Закржевски од Полска (фотографија од Томас Вендланд од Полска), а во овој број на списанието објавени се илустрации од 8 ликовни уметници од РС Македонија, Албанија и Полска како најава за секоја рубрика.

Списанието е финансирано од Министерството за култура на РС Македонија, а го уредува редакција составена од ред. проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска (главен уредник), Весна Мундишевска-Велјановска, вонр. проф. д-р Силвана Нешковска, доц. д-р Анита Ангелевска со помош на меѓународниот уредувачки одбор: проф. д-р Звонко Танески (Словачка), Раед Анис Ал-Јиши (Саудиска Арабија), м-р Жарко Милениќ (Русија/ Босна и Херцеговина), проф. д-р Тсемин Итион Тсаи (Тајван, Република Кина), проф. д-р Том Филипс (Велика Британија), проф. д-р Михо Нонака (САД), Искра Пенева (Србија), проф. д-р Су Џен Лин (Тајван, Република Кина) и Жермен Дрогенброт (Белгија/ Шпанија).

Во овој број на списанието со преводи на творби од странски автори соработуваа: Хајам Абдулхамид, Фатима Алхарти, Даниела Андоновска-Трајковска, Стенли Баркан, Ристо Василевски, Ана Витанова-Рингачева, Мери-Драјден Мајо, Жермен Дрогенброт, Надија Каванданах, Форест Мекмин, Лили Мултатулијана, Весна Мундишевска-Велјановска, Кејтлин Нагуен, Силвана Нешковска, Борче Панов, Здравко Стаматоски, Тор Стефансон, Снежана Стојчевска, Васил Тоциновски и Ко Чанг-су.

Електронската верзија на списанието „Современи дијалози“ може да се најде на сајтот на Македонското научно друштво – Битола (https://mnd-bitola.mk/).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот