Фото: РФМ

Македонските млади ракометари денеска го започнуваат настапот на Светското првенство

Македонската ракометна репрезентација до 21 година денеска го започнува својот настап на Светското првенство во Полска, каде што на отворањето од групната фаза ќе се соочи со селекцијата на Фарски Острови. Натпреварот се игра од 14 часот во Катовице, еден од четирите града домаќини на шампионатот, заедно со Келце, Плоцк и Сосновиец.

Ова е прво учество на нашите млади ракометари на еден младински Мундијал по пауза од цели осум години, а селекторот Раде Стојановиќ за премиерниот натпревар нема да може да смета на Самоил Ристевски и Дамјан Митев, кои се надвор од комбинација поради повреди.

Иако Фарски Острови добија вајлд-карта за настап на ова првенство тие се селекција која никако не смее да се потцени. Посебно внимание ќе треба да се посвети на централниот бек Оли Митун, кој блескаше на кадетскиот Мундијал лани, каде што беше избран за најдобар играч на својата позиција.

Нашите млади надежи во натпреварот влегуваат по убедливата победа над Јапонија со 37-27 во последната контролна средба пред заминувањето. Во групата „Ф“, покрај Фарски Острови, ќе се натпреваруваме уште со селекциите на Исланд и Романија, а сите натпревари ќе се играат во Катовице.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот