Македонскиот ракомет завиен во црно: Почина и Горан Станковиќ

Фото: grand.online

Македонскиот ракомет денес е завиен во црно. По трагедијата утрово за прерано згаснатиот живот на 19-годишен ракометар на РК Аеродром, Андреј Петрески пристигна уште една тажна вест.

Животот на 50-годишна возраст го загуби и Горан Становиќ. Станковиќ беше поранешен ракометар и ракометен работник. Долги години беше дел од раководството на ракометниот клуб, Јуниор Кисела Вода.

Неговиот глас беше најмногу препознатлив од натпреварите на Металург во Автокоманда и „Борис Трајковски“, каде што беше најавувач на средбите. Освен со ракометот, Станковиќ беше дел и од „музичките води“.

Tажна вест: Почина 19-годишен ракометар на РК Аеродром

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот