Македонски државјанин учествувал во сообраќајка во Албанија, каде загина едно лице

Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајна несреќа што се случила на патниот правец Елбасан – Пеќин, во која загина едно лице.

– На патниот правец Елбасан-Пеќин, кај селото Мурас, дошло до судир на три возила, автомобил „Шкода”, управувано од А.И. (45) жител на Кучово кај Берат, „Алфа Ромео” управувано од Н.Х., како и автомобил „Мерцедес” управуван од Р.Б., државјанин на Северна Македонија, стои во полициското соопштение.

Во соопштението се додава дека во несреќата животот го загубила Г.И. (43) жителка на Кучово, која била сопатник во „Шкодата”. Со повреди се здобиле тројцата возачи на кои им е пружена потребна лекарска помош и тие се вон животна опасност.

Причина за несреќата, според првичните сознанија, е влажниот коловоз и неприлагодената брзина на движење според условите на патот.

Пред четири дена, на истиот патен правец во сообраќајна несреќа, со возило „Мерцедес” учествувал македонскиот државјанин М.К. (38).

Во директниот судир со автомобил „Сузуки” управуван од Х.Р (67) од Елбасан животот го загубил сопатникот во автомобилот, додека со полесни повреди поминале лицата кои управувале со возилата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот