Македонски државјанин уапсен со 6,5 килограми хероин во Србија

Се очекува тој да биде изведен пред Вишото јавно обвинителство во Крагуевац.

Припадници на Управата за криминалистичка полиција при српското Министерството за внатрешни работи во соработка со Царинската управа на Србија, запленија 6,5 килограми хероин, сокриени во автомобил марка „Форд Фиеста“ управуван од  55-годишниот македонски државјанин А. З.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, полицијата ја открила дрогата при претрес на возилото во близина на местото Лапово. Хероинот бил поделен во 12 пакувања, сокриени во специјално изработени бункери во автомобилот.

Македонскиот државјанин е уапсен под сомнеж за сторено кривично дело „недозволено производство и трговија со опојни дроги“ и му е изречена мерка притвор во траење од 48 часа. Се очекува тој да биде изведен пред Вишото јавно обвинителство во Крагуевац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот