Македонски државјанин е еден од четворицата уапсени во Швајцарија за поврзаност со ИСИС и Ал-Каеда

Еден македонски државјанин и тројца Косовци меѓу кои и 28-годишна и девојка се уапсени во Швајцарија за поврзаност со ИСИС и Ал-Каеда.

Швајцарските власти соопштија дека уапсила четири лица под сомнение за поврзаност со екстремистичките милитантни групи Исламска држава (ИД) и Ал-Каеда, пренесуваат косовските медиуми.

Федералното обвинителство соопшти дека полицијата извршила претрес во три домови во западниот кантон Фрибург во петокот, како дел од две кривични истраги за наводната екстремистичка активност.

Осомничените, се тврди дека, го прекршиле швајцарскиот закон за забрана за учество во Ал Каеда, ИД и нејзините поврзани организации, пренесува Асошиејтед Прес.

Обвинителите рекоа дека четворицата приведени се осомничени и за „поддршка или учество во криминална организација“.

Тие ги идентификуваа четворицата осомничени само како 28-годишна Косовка, 26-годишен Косовец, 34-годишник со двојно државјанство, швајцарско и косовско и 29-годишен Македонец.

„Тие биле во меѓусебен контакт, рациите и апсењата се извршени истовремено“, изјавија обвинителите.

Понатамошни информации, вклучително и кој од осомничените е поврзан со која група, не се откриени од страна на властите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот