Македонски автори гостуваат на Академија Медитеранеа дел Аторе во Италија

Искра Шукарова / Фотографија од настан поврзан со Пина Бауш во Скопје

Во периодот од 14 до 29 јуни во Лече, Италија, македонските автори Искра Шукарова, Иванка Апостолова Баскар и Дејан Дуковски одржуваат серија предавања на Академија Медитеранеа дел Аторе (Accademia Mediteranea del Atore) во насока на драмско пишување, визуелна драматургија и кореографска драматургија.

Проектот ќе резултира со јавни презентации на крајот на процесот, каде учесниците ќе претстават текстови на тема од екологијата, односно климатските промени. На 28 јуни во Градската библиотека во Лече ќе биде презентиран процесот од работилницата, поточно ко-креативниот пристап на Иванка Апостолова Баскар и Искра Шукарова во полето на визуелната и кореографската драматургија.

Проектот „The east side of the stage“, кој започна да се реализира од 2023 година е поддржан од страна на Министерство за култура на Италија и Македонскиот центар на Интернационалниот театарски институт (ИТИ). Во проектот земаат учество и партнери/организации од Србија, Косово, Албанија и Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот