Македонската фудбалска надеж Стефан Младеновски потпиша професионален договор со Црвена звезда

фото: FK Crvena zvezda

Македонскиот репрезентативец до 17 години Стефан Младеновски (роден 2007 година) потпиша професионален договор со српскиот фудбалски гигант Црвена звезда.

Помладите категории на Црвена звезда ќе бидат значително засилени во продолжението од првенството.

Младеновски игра на позицијата напаѓач и има исклучително чувство за постигнување гол.

Брзо се вклопи во тимот на тренерот Милорад Вилотиќ и се очекува да ги тресе мрежите напролет во јуниорската кадетска лига на фудбалскиот сојуз на Белград.

Црвена звезда по првиот дел од шампионатот ја дели лидерската позиција со Партизан со 40 освоени бодови. Вечниот ривал од Хумска има подобра гол разлика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот