Македонска банкарска асоцијација уверува дека банките и штедилниците се сигурни и стабилни

Скопје, 13 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Македонската банкарска асоцијација ја информира јавноста дека во соработка со институциите нејзините членки ги превземаат сите потребни активности за да  им излезат во пресрет на потребите на клентите корисници на банкарските услуги од „ Еуростандард банка” АД Скопје.

 Вработените лица, пензионерите, корисниците на парични права од социјална и детска заштита и лицата кои остваруваат приливи по други основи имаат можност да изберат една од нивните членки преку која би сакале во иднина да ги добиваат приливите на парични средства.

Воедно потенцираме дека пензионерите и корисниците на парични права требасамо да појдат во банка каде што веќе имаат активна сметка или да отворат нова сметка во банка и не е потребно да побараат одјава. И не само за депозитните, банките и штедилници се отворени за рефинансирање и на кредитните производи на клиентите на „Еуростандард банка” АД Скопје во согласност со нивните деловни политики, велат оттаму.

 

Македонска банкарска асоцијација повторно афирмира до граѓаните и правните субјекти дека банките и штедилници се и остануваат сигурни и стабилни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот