Македонија почнува дома со Малта во квалификациите за Европското првенство 2024

фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

По дознавањето на ривалите, сега е познат и распоредот на натпреварите на македонската А репрезентација во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година.

Сите мечеви ќе се играат во 2023 година, во првото коло на 23 март на домашен терен ќе ја пречекаме Малта.

Во второто коло ќе бидеме слободни, во третото повторно ќе играме пред нашите навивачи овојпат со Украина на 16 јуни, а три дена подоцна ќе гостуваме кај Англија.

Квалификацискиот циклус ќе го завршиме со дуели против најголемите фаворити во групата, на гости против Италија и дома против Англија.

Квалификации за ЕП 2024, распоред на натпревари

Прво коло: Македонија – Малта 23 март 2023
Второ коло: Македонија слободна

Трето коло: Македонија – Украина 16 јуни 2023
Четврто коло: Англија – Македонија 19 јуни 2023

Петто коло: Македонија – Италија 9 септември 2023
Шесто коло: Малта – Македонија 12 септември 2023

Седмо коло: Украина – Македонија 14 октомври 2023
Осмо коло: Македонија слободна

Деветто коло: Италија – Македонија 17 ноември 2023
Десетто коло: Македонија – Англија 20 ноември

Тежок е патот до Евро 2024: Македонија ќе игра во група со Италија и Англија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот