Македонија освои бронзен медал на Европското првенство во стрелаштво

наковска бикова каранфилов стрелаштво
Македонија третопласирана во дисциплината Микс тим воздушен пиштол/Фото: facebook/Македонски Параолимписки комитет

После новиот голем успех на Оливера Наковска Бикова освојувајќи го златниот медал, нашата земја се закити со уште еден медал на Европското првенство во стрелаштво во Хамар (Норвешка).

Во петокот (18 март 2022 година) на затворањето на ЕП, репрезентацијата на Македонија во дисциплината Микс тим пиштол успеа да дојде до бронзата.

Во дисциплината Микс тим 10м воздушен пиштол, во која настапуваат 2 спортисти како тим (по една стрелачка и еден стрелец), настапија Оливера Наковска Бикова и Ванчо Каранфилов. Беа пријавени четири тима и во стартот се знаеше дека нашите натпреварувачи сигурно ќе влезат во борбата за медали, само беше прашањето дали ќе пукаат во финалето за златен или сребрен медал, или во малото финале за освојување на бронзениот медал.

Низ текот на целиот меч нашиот тим стрелаше задоволително и се менуваше на табелата на првото и второто место со тимот на Турција 1, но пред самиот крај на натпреварот од 20 истрели, еден слаб погодок од нашиот стрелец ги спушти на третото место и влегоа во борбата за бронзениот медал.

Во таа борба за третото место се сретнаа со екипата на Норвешка. Нашите стрелци се објективно поквалитетни и поискусни и успеаја да ја доведат борбата до крај победувајќи со 16:8 и го освоија бронзениот медал, а Оливера последниот истрел го испука маестрално и максимално 10,9.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот