Македонија го одбележува Светскиот ден на мултипла склероза

Фото: МИА

По повод Светскиот ден на мултипла скелроза – 30 мај, Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија организира марш за подигнување на јавната свест за проблемите со кои се соочуваат лицата со мултипла склероза и нивните специфични потреби за поквалитетен живот и социјална инклузија.

Како што информираат од сојузот, настанот ќе започне пред Порта Македонија во 11 часот и ќе продолжи со марш по десната коловозна лента на улицата „11 Октомври“ во правец на Собранието до Домот „Даре Џамбаз“, а на него ќе се приклучат и лицата со параплегија и дистрофија.

Национално здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза, исто така, во хотел „Панорамика“ со почеток од 11 часот ќе одржи конференција на која обраќање ќе имаат претседателката на Националното здружение за МС Ана Карајанова Димитрушева, сопругата на претседателот на Република Северна Македонија Елизабета Ѓорѓиевска, министерот за здравство Фатмир Меџити и заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот