Македонија дома против Луксембург ќе ги започне квалификациите за ЕП 2024

Македонската ракометна репрезентација доби добра група во квалификациите за ЕП 2024/Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Сениорската машка репрезентација на Македонија е дел од групата „1“ заедно со Португалија, Турција и Луксембург во квалификациите за пласман на Европското Првенство 2024 кое ќе се одржи во период од 10 – 28 јануари 2024 година во Германија.

Пласман на следното ЕП обезбедуваат првите две репрезентации, како и четири најдобро рангирани репрезентации кои ќе завршат на третото место во квалификациските групи.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави и распоредот на натпревари во квалификациската група „1“.

Нашите најдобри ракометари ќе стартуваат на 12 октомври 2022 година на домашен терен против Луксембург.

Распоред на натпревари
Квалификации за ЕП 2024

1. коло Македонија – Луксембург 12 октомври 2022 год.
2. коло Турција – Македонија 15 октомври 2022 год.
3. коло Македонија – Португалија 8 март 2023 год.
4. коло Португалија – Македонија 11 март 2023 год.
5. коло Луксембург – Македонија 26 април 2023 год.
6. коло Македонија – Турција 30 април 2023 год.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот