Македонец на регионален престол на фармацевтски гигант: Дејан Лаковски е нов шеф на „АстраЗенека“ во Загреб

Фото: kapital.bg

Доктор Дејан Лаковски е назначен за прв човек на британско-шведската компанијата „Астра Зенека“ во претставништвото во Загреб и за време на пандемијата на ковид-19 ќе раководи со испораката на вакцините во Хрватска и во БиХ.

Лаковски важи за искусен менаџер во фармацевтската област. Дипломирал медицина во Скопје, каде што се стекнува и со магистратура по економија. Кариерата ја започнал во 2001 година. во „Алкалоид“, а работел и како регионален претставник за „Рош“ и за „Сандоз“.

Македонскиот доктор ја презема регионалната раководна позиција во „АстраЗенека“ од германската фармацевтска групација „Стада“ чие претставништво го водеше во Софија од каде, освен Бугарија, ги „покриваше“ и Хрватска и Словенија.

АстраЗенека“ е во конфликт со Европската Унија (ЕУ) поради доцнењето на испораката на анти-ковид вакцини за нејзините земји-членки. Компанијата деновиве се соочува и со сомнежи во квалитетот на нејзината вакцина по појавата на тромбоемболија во некои држави по примање на доза од производот. Тоа беше причина за преку десет држави на стариот континент да донесат одлука за привремена суспензија на вакцината на „АстраЗенека“ во националните програми за имунизација на населението против коронавирусот.

„Астра Зенека“ ги демантира ваквите информации и соопшти дека, според сите направени испитувања, нивната вакцина е безбедна. Во нејзина одбрана застанаа дел од европските влади, како на пример британската, која уверува дека вакцината на „АстраЗенека“ е ефикасна и безбедна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот