Мајката и сестрата на момчето убиец од училиштето „Владислав Рибникар“ се обиделе да избегаат, но на влез во Македонија биле фатени

Фото: Слоободен печат

Миљана К. мајка на момчето убиец од училиштето „Владислав Рибникар“ од Белград заедно со нејзината малолетна ќерка се обиделе да ја напуштат Србија. Тие од службите се запрени на граничниот премин „Прохор Пчињски“ на пат кон Македонија, но не се знае дали нивната крајна дестинација им била нашата земја или пак Грција.

На крајот на минатиот месец беше покрената истрага против Миљана К., мајката на малолетното момче убиец кој уби деветмина негови врсници и чуварот на училиштето „Владимир Рибникар“, поради сомнение дека таа го занемарил и малтретирала момчето Доколку се докаже дека го сторила ова кривично дело, и се заканува затворска казна до три години.

Инаку судија за претходна постапка на Вишиот суд во Белград неодамна донесе решение со кое му забранува на таткото В. К на детето масовен убиец да располага, отуѓува и оптоварува со недвижниот и движен имот чиј сопственик е тој. Одлуката за определување привремени мерки е донесена на предлог на семејствата на убиените деца во основното училиште „Владислав Рибникар“.

Како што соопштија од Вишиот суд во Белград, станува збор за стан во Белград, делови од деловен простор во Белград и патничко моторно возило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот