Мајка-убиец од Италија ги задушила своите бебиња и ги сокрила во плакар

Биолошките анализи на материјалот запленет во болницата во Месина, каде што жената имала киретажа, потврдиле дека децата биле нејзини и дека се родени живи, а причината за смртта е гушење.

Полицијата уапсила и ставила во домашен притвор 25-годишна жена од Поларо, Италија, под сомнение дека ги задушила своите две новороденчиња, ги сокрила нивните тела, а дека уште едно дете убила и сокрила во 2022 година, објави италијанскиот весник „Il Matino“, пренесе Блиц.

Стравотен случај е откриен во јули оваа година, кога родителите на младата жена, во семејната куќа во местото Пеларо кај Реџо Калабрија во Италија, ги пронашле телата на двете новородени бебиња завиткани во ќебе и скриени во плакар.

Истражителите веднаш покренале истрага, а по налог на истражен судија издаден е налог за домашен притвор со електронски надзор.

Ги задушила децата веднаш по породувањето

Истражителите при преглед на снимките од видео-надзор утврдиле дека осомничената за чедоморство била сама во куќата меѓу 19.00 и 20.30 часот на 8 јули – токму во времето кога бебињата биле родени и починале.

Биолошките анализи на материјалот запленет во болницата во Месина, каде што жената имала киретажа, потврдиле дека децата биле нејзини и дека се родени живи, а причината за смртта е гушење.

Семејството не знаело што се случило. На полицијата ѝ изјавиле дека ќерката само пријавила болки и обилно крварење, но негирала бременост. Со понатамошната истрага била откриена и преписка меѓу жената и нејзиното момче, кое исто така е под истрага поради помагање во извршување на кривичното дело.

Првото чедоморство го сторила во 2022 година

Во текот на истрагата било откриено дека двојката уште во 2022 година поминала низ слична ситуација — расправале околу тоа дали да го задржат детето, а во август жената наводно родила и го усмртила новороденчето.

Поради сомнеж дека го сокрила и третото тело, полицијата со помош на специјални кучиња трагачи и георадар извршила претрес на куќата, дворовите, градините и земјиштето во сопственост на семејството, во потрага по можни човечки остатоци.

Партнерот под истрага

Момчето на уапсената жена е под истрага на слобода, под сомнение дека ѝ помогнало во прикривање на злосторството.

Полицијата наведува дека нивната комуникација во последните години е клучен доказ што ги довел до откривање на овој злочин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот