Магичниот Копаоник ги отвори портите за љубителите на зимски спортови, раскошни планински пејзажи и одмор од соништата

Фото: Промо

Копаоник, познат како „покривот на Србија“, е убава и чудна, нескротлива планина. А сонцето и снегот како идеална комбинација за секој љубител на природата, особено на скијањето, ги избрале Копаоник за свој претставник.

Фото: Промо

Копаоник е најголемиот скијачки центар во Србија и несомнено еден од најубавите центри во овој дел од Европа. На падините на планинскиот венец се наоѓа ски-центарот Копаоник кој е еден од најголемите во југоисточна Европа. Ски-центарот Копаоник се наоѓа во срцето на Националниот парк Копаоник во планините Копаоник на границата со Косово. Се протега до врвот на Панчиќевиот врв на 2.017 метри и е најголемиот ски-центар во Србија.

На 7 декември официјално беше отворена ски-сезоната на Копаоник, кој го посетија бројни домашни и странски гости, љубители на скијањето, но и на единствениот планински пејсаж, изобилството од разни активности и добрата дневна и ноќна забава.

Фото: Промо

Скијачите и бордерите ги дочекаа своите пет минути. Планините побелеа, па можат да се препуштат на своето најголемо задоволство.

Копаоник овозможува активно опуштање во текот на целата година и е најголемиот и најпознат српски скијачки центар. Платото Равни Копаоник е концентрирано на туризмот, со широк избор на сместување и мрежа од скијачки патеки, меѓу другите содржини. Уште едно туристичко жариште се наоѓа во близина на селото Брзеќе, на источната падина на Копаоник. Првокласните ски-патеки се наоѓаат помеѓу 1.650 м и 2.017 м надморска височина. Овој туристички центар располага со мрежа од 24 ски-лифтови поврзани во еден систем и 2 детски жичарници, а служи за сите видови скијачи. Системот на ски-лифтови опфаќа скијачки патеки во должина од вкупно 55 километри. Системот може да поднесе 32.000 скијачи на час. Гостите можат да користат и патека од 12 километри за нордиско скијање, а во Црвенe барe има обележани падини од 3, 5 и 10 километри во должина. Достапни се и услуги за изнајмување и поправка на скијање, како и изнајмување моторни санки.

Фото: Промо

За оние кои сакаат првпат да се качат на скии и да ја почувствуваат магијата на скијањето, нема место за колебање и стравување. Копаоник има бројни ски инструктори кои се лиценцирани за обука за скијање. А знаеме дека исклучително е важно првите чекори на снегот да се направат со ски инструктор.

Во самите хотели, но и во некои од многубројните ски и сервиси за изнајмување на Копаоник можете да ја изнајмите или поправите вашата опрема за скијање или за сноуборд.
Изнајмувањето особено се исплати ако скијате само 7-10 дена во годината. Изнајмувањето на опрема за скијање е сосема безбедно. Скијачката опрема редовно се одржува и секогаш е подготвена за употреба. Се разбира дека секој скијач или бордер сака добро сервисирана опрема.

Фото: Промо

Копаоник има свежи лета и долги, студени зими со обилни врнежи од снег. Снежната сезона трае од крајот на ноември и до мај, што е во просек 159 дена во годината. Копаоник има над 50 километри уредени алпски патеки, од кои 3 се FIS патеки за слалом и велеслалом. Она што е многу важно да се напомене е дека сите патеки се поврзани една со друга и се оддалечени неколку десетици метри од централниот хотелски комплекс (ски до врата). За хотелите, апартманите, викендичките и други сместувачки капацитети кои се оддалечени од стартните станици на жичарниците, постојат неколку приватни скијачки превозници кои редовно сообраќаат до почетните станици на жичарниците.

Фото: Промо

Копаоник, бескрајната инспирација, нѐ изненадува со нови авантури, потсетувајќи го секој поединец дека најдобрите работи можат да го победат времето. Со децении никогаш не ве пречекува во исто издание, ниту ве испраќа со истите спомени – само дополнително ве заинтригира да се вратите повторно. За тоа придонесува, меѓу другото, и богатиот избор на врвни хотели и апартмани на највисоката планина во Србија, прилагодени за сечиј вкус и џеб. Најпознатиот туристички водич – сајт во светот „Трип адвајзор“ (Trip advisor), хотелските и други сместувања на Копаоник ги рангира на високи позиции на листата на најдобри. Еден од нив е хотелот „Гранд Копаоник“, кој е синоним за луксуз и удобност, нуди неверојатен поглед на Националниот парк Копаоник, на само неколку чекори од главниот ски-лифт. Спој на традиционално и луксуз, во него гостите можат да одморат и уживаат во, пред сѐ, пространи соби, топли и чисти внатрашен и надворешен базен, спа, добро опремена теретана, професионален и љубезен персонал, луксузно и комфорно лоби, ресторан со неверојатни разновидни оброци, погоден пристап во гаража. Ако сте „мрзлив“ турист, односно ако сакате да го искористите целиот луксуз и удобности што ги нудат хотелите, забавата во самиот хотелски комплекс е загарантирана.

Фото: Промо

Копаоник е особено привлечна зимска дестинација и за македонските туристи. Според статистиките, македонските туристи во 2022 година и во првите 10 месеци од 2023 година се наоѓаат на првото место по пристигнување од странски гости. Во 2022 година на Копаоник имало 6.538 туристи од Македонија, а во периодот јануари – октомври 7.168 гости.

Преку туристичката агенција „Пилот травел“, љубителите на зимските спортови, раскошни планински пејзажи и зимски одмор и релаксација можат да си ги остварат своите зимски желби.

Фото: Промо

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот