Лукашенко обвинува: Зад протестите во Белорусија стојат САД и „ситната буржоазија”

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Претседателот на Белорусија ,Александар Лукашенко смета дека протестите во таа земја ги организирале САД кои, како што тврди, работат преку центри во Полска и во Чешка, како и класата „ситна буржоазија” што се појави во земјата, вели новинарот на „Русија 1“, Евгениј Рожков кој правел интервју со шефот на белоруската држава.

Рожков рече дека таков бил ставот на претседателот на Белорусија на прашањето кој е заинтересиран за поддршка на протестното движење и „од која страна очекувал и сè уште очекува да се јават проблеми”.

Според него, Лукашенко „верува дека, пред сè, Американците стојат зад сè и дека дејствуваат низ центрите во Полска и Чешка”, но исто така верува дека има и внатрешни причини, пренесува агенцијата ТАСС.

– Една од причините е фактот дека две нови генерации пораснаа во Белорусија, формирајќи класа на мала „буржоазија „која сака моќ”, рече Рожков, потенцирајќи дека тоа се зборови на Лукашенко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот